1. ОПШТО
Добредојдовте на веб-порталот iOpstina.mk чиј уредник е претпријатието ГеоЛИНК д.о.о. Битола. На порталот, претпријатието и лица со овластувања објавуваат просторни информации од интерес за пошироката јавност. Ве молиме внимателно да го прочитате ова известување, бидејќи се однесува на секого што го посетува ова веб-место. Со користењето на веб-страниците во овој портал, корисникот потврдува дека е запознаен со и дека ги прифаќа условите опишани подолу и со нив се согласува.
2. ТОЧНОСТ И АЖУРНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
Претпријатието ГеоЛИНК д.о.о. не може да гарантира дека информациите на овие веб-страници се секогаш точни и ажурни. Сета графика, атрибути, текст, слики и други содржини кои се прикажани на овие веб-страници, се само информативни. Порталот содржи информации за авторот или изворот, датумот на настанување и датумот на објавување на содржините во системот на овој портал.
3. ПРИВАТНОСТ
На ова веб-место се собираат контактни информации и некои лични податоци од оние посетители кои сакаат да дојдат до информациите објавени тука и заради тоа стапуваат во контакт. Личните податоци и контактните информации ГеоЛИНК д.о.о. не ги открива или посредува на трети лица и не ги користи за други цели, освен за информирање во врска со работењето на и новостите во порталот. За своите потреби, ГеоЛИНК д.о.о. води статистички евиденции на пристапот до и употребата на веб-апликациите.
4. ОДНЕСУВАЊЕ И ОБВРСКИ НА КОРИСНИЦИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ
Корисниците на веб-порталот може да бидат анонимни или идентификувани. Идентификуваните корисници ја преземаат одговорноста за сите активности кои ќе бидат извршени под нивната корисничка лозинка. Давањето на корисничкото име и лозинка на трети лица е забрането. Во случај на сомнеж за злоупотреба на лозинката или кршење на условите за користење од страна на корисникот / посетителот, си го задржуваме правото да го блокираме пристапот. Не е дозволено собирање на содржините од овие веб-страници во било каква јавна база на податоци или во било каква форма објавување на други места.
5. АВТОРСКИ ПРАВА
Содржината и структурата на веб-страниците се заштитени со авторски права. Заштитата на авторските права особено се однесува на секакво репродуцирање, складирање и пренос на податоци или изворниот код на други медиуми.
6. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Кога одговорноста за штета според законот не може да се ограничи или исклучи, ГеоЛИНК д.о.о. не одговара за било какви директни, индиректни, случајни или посебни штети, кои би произлегле поради било која причина од употребата на ова веб-место.